Потрошувачки мамец

Сетек - сиктер чувство и Северина

Во продолжение, поплака од страна на наш читател кој реши да го сподели своето искуство од услугите на СЕТЕК и (не)можноста да ги искористи вредносните поени на Сетек клуб картичката. Да потсетиме дека нивниот рекламен слоган е „Твој клуб, твоје семејство“.

Во продолжение, поплака од страна на наш читател кој реши да го сподели своето искуство од услугите на СЕТЕК и (не)можноста да ги искористи вредносните поени на Сетек клуб картичката. Да потсетиме дека нивниот рекламен слоган е „Твој клуб, твоје семејство“.

На крајот од минатава година од Сетек ми стигнува известување на апликацијата Viber дека имам поени за користење. За момент се изненадив од тоа во која насока напреднале во однос на грижата кон корисниците и навремената информираност. Да напоменеме дека немаа истакнато до кога можат да се искористат поените, најверојатно ниту самите не знаеа до кога е рокот. Кога ги прашав вработените преку call центарот, пред крајот на годината, ми рекоа дека можат да се искористат до 31.12.2020, а потоа го добив и ова известување:

Сопственик сум на СЕТЕК Клуб картичка преку која се добиваат поени со секое купување, при што на крајот од годината имав 2000 денари од сèвкупното годишно пазарење во нивните салони. Поради пораката која ја добив отидов до најблискиот салон за да ги искористам поените. Во салонот ме пречека крајно љубезна продавачка која требаше да ми помогне во изборот. Ѝ кажав дека имам одбрано производ кој чинеше иста сума колку и моите поени.
Вработената ми објасни дека можам да го одберам било кој производ, но дека клуб поените важат само за првичната цена на продуктот, не и за онаа нова цена која вклучува попуст. Одбрав производ за истата сума колку што беа и поените, но тогаш се воспостави дека сепак морам да земам производ со пониска цена, затоа што поените би ми ја покриле само половина од сумата на производот. Збунет од тоа што го слушнав, со неверување колку некој може да има такви мизерни услови каде поените и клуб картичката ја користат за намамување во салоните и обид за повторна продажба на некој од производите, го напуштив салонот и одлучив да не ги прифатам нивните предлози и да не ги искористам “привилегиите” на мојата клуб картичка.

Жалосно е што преку рекламите одаваат слика дека се вистински професионалци со уредна и точна политика на користење на поените, но на крајот купувачот добива само фејк бонуси.
Наместо сè од техника и лојалност, добив сиктер чувство.