Извор: unsplash
Решив да го споделам моето искуство со Телеком и мојот бонус од 15.000 денари, кој што го даваат како подарок бонус при потпишувањето на 24 месечниот договор, за нивниот најрекламираниот пакет наречен Магента. Па да почнам од почеток:
ВОВЕД
Договорот го потпишав во 2018 година, во времетраење од 24 месеци, пакетот ги содржеше следните услуги: двa мобилни броја, еден фиксен (домашен) број, домашен интернет и телевизија.
За овој пакет ми подарија износ од 15.000 денари.
Решив да го искористам бонусот во април 2020-та година, пред потпишување на новиот договор, за да не ми пропаднат парите пред истекот на рокот. И така, морав да одам во нивниот салон лоциран во центарот на градот, во главната зграда на Телеком на самиот плоштад, бидејќи другите салони беа затворени, заради Covid-19 и карантинот кој што беше на сила.
Chapter 1
ПОСЕТА НА САЛОНОТ
Кога влегов во салонот, откако дојдов на ред со моето бројче, ме дочека вработениот на смрт исплашен заради некој си „наводно главен“ директор за продажба, кој беше демек во неформална посета на салонот. Атмосферата беше тензична. Мене ми стана непријатно бидејќи неговиот страв го пренесе на мене. Се почуствував како мене да ми е директор, како нешто да сум виновен што сум присутен. А, всушност ако размислите: јас сум тој ПОТРОШУВАЧОТ кон кого треба да се посвети внимание во моментот, бидејќи јас сум факторот кој дава пари за нивните услуги.
Кога се завртев да го видам фамозниот директор, видов еден човек кој нема никаква харизма, лош body language и никаков однос кон своите вработени. Зрачеше со некоја селска енергија на полтрон од типот „тресете се главен сум”, секако многу лош некорпоративен „know how”.
Извор: telekom
Си помислив: Јеботе, кој им работи овде во Одделението за кадри?… или на крајот на краиштата, кога веќе го вработиле, дали воопшто го имаат и што прават оние во Тренинг центарот на Телеком? Како може ваков кадар да биде добар пример за новите млади вработени кои треба да се развиваат во својата кариера. Ова ли им е role model-от?.
Но, не сакав да му правам проблем на вработениот, па му објаснив дека сум дојден за искористувањето на бонусот од 15.000 денари и во неговото видно стресно работење набрзина ми понуди Самсунг таблет, при што ми кажа дека во моментот немаат други таблети и дека најверојатно ќе го затвораат салонот заради Covid-19.
И покрај тоа што му објаснив дека би доплатил за iPad, кој го немаа на лагер, го земав понудениот таблет, плашејќи се да не ми помине рокот за користење на бонусот. Кога прашав дали можам да го заменам ми рече, цитирам:
„Без проблем, само немој да му правиш factory reset и чувај ја фискалната сметка. Може да се замени без проблем, се подразбира.”
Заминав од надрканата атмосфера во салонот со помисла: Овде нема ни “Г” од германската култура за однос со корисници.
Chapter 2
ПОБАРАВ ЗАМЕНА
Кога дојдов дома почнав да го разгледувам таблетот и сфатив дека сум го платил најслабото го*но од Самсунг за 13.000мкд. Разгледав на интернет, прочитав и сфатив дека сум заебан и решив сепак да го вратам ова срање и да останам на мојот избор (iPad) со одредена доплата. Единствено што направив на Самсунг таблетот е тоа што го вклучив и никакво ресетирање немав направено.
Кога отидов во салонот назад (не беа затворени заради Ковид19) ми кажаа дека треба да се испрати таблетот на проверка во нивниот сервис Мобико и дека многу брзо ќе ми се јават со потврден одговор.
Си помислив: Ах, тој фамозниот сервисер Мобико, побогу ќе смогне ли снага новиот прешалтан директор Никола Љушев да организира pitch за нов сервисер и уште колку време ќе биде во сенка на бившиот покојник кој со Телеком се однесуваше како да е негова приватна сопственост? Ќе превземе ли нешто или сѐуште ќе биде како восочните фигури од музејот Madame Tussauds, и само при јавните обраќања ќе го повторува лицемерниот слоган на Телеком дека ,,Технологијата треба да се користи за добро”???
Chapter 3
ТЕЛЕКОМ МЕ ИСПРАЌА МЕНЕ (ПОТРОШУВАЧОТ) ДА СЕ РАСПРАВАМ СО ФАМОЗНИОТ МОБИКО
После 15 – 20 дена стигнува анализата на сервисерот Мобико (приватниот бизнис на покојниот генерален директор Жарко Луковски на Телеком) и тука веќе настана проблем за замена, т.е. сервисерот даде објаснување дека таблетот бил “вклучен”. Откако ми се јавија, повторно одам до Телеком, продавницата на плоштад, и таму вработените ми објаснуваат дека ова не е голем проблем и дека имам 2 опции:
1. доколку знам некој од директорите на повисоки позиции во Телеком веднаш ќе биде средено
2. да одам во сервисот Мобико и да им објаснам за тие да го сменат нивниот извештај и потоа во салонот без проблем ќе го заменат таблетот.
Бидејќи не сум по молењето на некој „директор“ како оној директорот за продажба спомнат погоре во текстот, решавам да одам во Мобико, да им објаснам дека немам ништо направено што би го спречило враќањето и да го сменат исказот. Во Мобико ми кажуваат (арогантно, монополски со затварање врата, како покојникот да е уште жив) дека тие милион мејлови имаат пратено на Телеком и дека ваквите предмети Телеком треба да си ги решаваат сами, а не да ги праќаат потрошувачите кај нив. Си помислувам сервисериве имаат право, Телеком е субјектот што мене ме заебава.
Извор: facebook
Chapter 4
БАРАМ СРЕДБА/СОСТАНОК СО НЕКОЈ ШТО Е ОДГОВОРН ЗА НЕЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
Се враќам во салонот, им ги враќам документите на вработените и одбивам да го подигнам Самсунг таблетот. Им го оставам во канцеларијата на шефот и ги замолувам да ми средат состанок со некој, кој во Телеком е одговорен за незадоволни клиенти. Поминуваат повеќе од 30 дена, веќе дојде месец јули со сите нивни глупости и перипетии, а јас ниту повик, ниту термин, ниту одговор не добив од никого.
Chapter 5
ПОСЕТА НА САЛОНОТ ПРЕД МОЕТО ЗАМИНУВАЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР
7 дена пред да заминам за Црна Гора, на 17ти август, повторно по илјадити пат одам во салонот на плоштад. За цело ова време, не заборавајте дека самиот се изложувам на Ковид19, т.е. Телеком ме изложува.
Во салонот една многу фина и пријатна девојка на еден од пунктовите, (прекрасна професионална енергија) ме услужува и ја замолувам да провери дали мојот фамозен Самсунг таблет е сѐ уште во канцеларијата на нејзиниот шеф.
Ми кажува дека можеме заедно да одиме до шефот. Отидовме и тогаш заклучувам дека веќе не е шеф туку е нова шефица заедно со нејзината заменичка. Нормално, двете немаа поим за мојот таблет кој беше на сталажата позади неа, и ми одговара дека ,,она е само 15 дена на таа позиција”.
Јас им се обраќам на двете со прашањето: Добро, ќе се позабави ли некој во оваа гомнарска фирма со мојот случај и дали ќе ми се овозможи да зборам со некого од канцеларијата за грижа за корисници или не? Двете убавици, (шефицата и заменичката) ги оставам зад себе и си заминувам од салонот.
Помислувам: очигледно на менаџерските кадри во Телеком им треба повеќе од 15 дена да видат што сѐ имаат во 5m квадратна канцеларија, но најважен е фактот дека шефицата и заменичката шефица изгледаат како едни од многуте Playboy зајачици (за сликање и рокококо) на Хју Хефнер.
На вработената од пултот и се заблагодарувам на нејзината помош и нејзината грижа. Беше многу фина, брза мисла и реакција во секунда. Интелигентен кадар, би требало да им се сменети улогите/позициите, но кој да види? Али од толку слепци во Телеком, кој да види?
Chapter 6
ТЕЛЕКОМ МЕ ЗАМАРА (ВО РОАМИНГ) ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ ГОДИШЕН ОДМОР
Веќе неколку дена сум на годишен одмор во Црна Гора (се разбира дека не ги користам Телеком роаминг услугите, бидејќи се најскапи во регионот) и добивам повик од еден женски милозвучен глас (дотична Снежана) која ме замолува да и го објаснам “мојот проблем”. Во секунда ме излуди со ретардираното прашање на кое и беше одговорено: Добро пи*ка му материна, имате ли вие во Телеком комуникација меѓу одделенијата и вработените, кој к*р сега повторно за мои пари во роаминг треба да објаснувам за време на мојот одмор што е проблемот со вашиот е*ен бонус, вашиот подарок и вашиот јалов организационен систем во фирмата???
(А тука би требало да напоменам дека Телеком не води никаква статистика за нивните малолетни корисници во системот, и нивната корпоративна дубиозност оди до таму да за одредени прашања можат без грам одговорност да го запрашаат Вашето малолетно дете, и тој повик со детето да го сметаат како веродостоен! Бидејќи го исконтактираа моето малолетно дете. Во Телеком сите се „професионален кадар“, нема што.)
Женскиот милозвучен глас на Снежана, откако сфати дека со нејзиното прашање во секунда ме извади од такт, најверојатно како единствено паметно решение и се наметна: да ме замоли проблемот да го пишам по е-маил и дека по смс ќе ми го испрати е-маилот на кој можам да го испратам “мојот проблем”.
Да сумираме: организациониот оддел за грижа на корисници на Телеком повторно го малтретира потрошувачот и за време на неговиот годишен одмор тој треба да се занимава со куцање, пишување на рапорти, што всушност е нивна работа и нивна НЕ комуникација помеѓу колегите.
Chapter 7
ДОБИВАМ ИДЕЈА ДА ГО СПОДЕЛАМ ДОЖИВУВАЊЕТО
Благодарејќи на Телеком слоганот СПОДЕЛИ ДОЖИВУВАЊЕ (кога веќе ме тераат/малтретираат да пишувам) решавам мојот вложен труд и потрошеното време во пишувањето на приговорот кон Телеком да им го испратам на адресата за приговори, но и на уште неколку други, за да има поголем ефект, па белким ќе дојде до правите очи и уши на „восочните фигури“ во фирмата. Во мојот приговор најфино ги замолувам да ми „помогнат“ да го завршам Chapter8, и секако се потпишувам со име и презиме.
Извор: telekom
Chapter 8
ОДГОВОРОТ НА ТЕЛЕКОМ
Веднаш по приговорот, следниот ден, ми се јавува женски глас, каде што ми се извинува во името на целата компанијата што дошло до вакви немили настани кон долгогодишен корисник, и дека средствата т.е. „подарокот“ ми се враќаат за користење кои можам да ги искористам до 2022.
ЗАВРШЕН ЗБОР
И така, драги мои: „професионалците од Телеком“ замислете ми го „вратија подарениот“ бонус, врз кој што се темели нивната најнова маркетинг кампања за намамување на нови корисници и нови договори.
Си помислив: Какви „менаџери“!
Ниту слух имаат, ниту состанок овозможија.
Кога станува збор за нивните пари, завршувате на извршител заради мизерен износ на долг, а кога се Вашите пари во прашање, само ти го враќаат твоето и тоа без камата.
Наравоучение:
Од багра, аристократија никогаш не бидува – ниту од копуци, менаџери со слух!