РАСФРЛАЊЕ СО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Стопанска банка АД Скопје е „лидер“ во расфрлувањето на вашите лични податоци

Банките немаат право да даваат лични податоци на корисници на агенциите за наплата на долгови, според Законот за заштита на корисниците на финансиски услуги, банките не можат да го пренесат долгот на физичкото лице на агенција за наплата на долгови.

Извор: google

Банките немаат право да даваат лични податоци на корисници на агенциите за наплата на долгови, според Законот за заштита на корисниците на финансиски услуги, банките не можат да го пренесат долгот на физичкото лице на агенција за наплата на долгови.

Сепак, во процесот на наплата на долгови, банките ангажираат такви агенции, кои наместо нив ги контактираат должниците. Ваквите договори помеѓу банките и агенциите се незаконски.

Лидер во трансфер на личните податоци на своите клиенти е грчката банка Стопанска Банка АД Скопје која меѓу банките има најголемо портфолио на физички лица.
Ваквата пракса на непочитување на личните податоци на своите клиенти Стопанска Банка АД Скопје ја започна пред околу 15 години кога многу нивни производи беа пласирани преку теле маркетинг понудите од агенцијата „Мелон“, а подоцна и наплатата почнаа да ја извршуваат преку агенцијата „Матрикс ЕОС“.

Клиентите на банките односно (потрошувачите) требаат да знаат дека доколку бидат исконтактирани за својот долг од било која агенција за наплата на долгови наместо од банката, тие треба да испратат писмено барање до банката за бришење на нивните лични податоци од базата на податоци на агенцијата.

Кога агенцијата ќе ве повика на долг, имате законско право да и забраните на банката/компанијата да ги избрише вашите податоци.

Ова значи дека повиците и вознемирувањето ќе престанат после тоа, бидејќи агенцијата нема да смее да ги користи личните податоци на должникот, банката е должна да го извести својот должник, а доколку не го стори тоа, има можност за жалба до комесарот за информации од јавна важност и заштита на личните податоци, како и покренување судска постапка.

Истите правила важат и за мобилните оператори и сите останати компании, трговци немаат право да даваат лични податоци на должниците на агенциите за наплата на долгови.

Бонус видео…