Извор: pexels
Паметните компании своите задоволни потрошувачи ги создава преку конкурентните цени наспрема конкуренцијата, но многу е поважен професионалниот однос кон своите вработени кои секојдневно се во директна комуникација со потрошувачите.
Задоволниот вработен злато вреди!
Кога работодавецот, во овој случај Стокомак, има чиста и јасна комуникација кон својот вработен во однос на неговите работни задачи, задолжувања и очекувања тогаш не постојат причини истите да бидат испочитувани и тогаш двете страни, работодавачот и вработениот, се среќни и задоволни.
Но кога вработениот, при исплата на секоја месечна плата, во неговата исплатна листа нема стандардизирана форма на ДЕТАЛНИ информации како што се:
- основна плата
- прекувремени часови
- празнични работни часови
- износ за одредена награда
- стаж
- казна и останато
тогаш работодавецот со сигурност креира незадоволство кај своите вработени кои се манифестираат кон потрошувачите.
Извор: google
Да се надеваме дека работодавецот, во овој случај Стокомак, во иднина ќе се потруди заедно со нивните сметководители да ги испочитуваат сите нејаснотии кон своите вработени за да можеме понатака да пазаруваме со насмевка.
Автор: Анонимен