Извор: pexels
Мислење на потрошувач.
Кога јас како потрошувач ќе ја видам препорачаната цена на производот како што е Coca Cola, испечатена на амбалажата, а на полицата ќе видам повисока цена од препорачаната, најчесто ми се јавува револт заради нееднаквоста на цената и се создава чуство дека сум измамен?
Доколку во една компанија како Пивара Скопје менаџерите го предложат и усвојат дизајнот вклучувајќи ја „препорачаната цена“ на амбалажа, а потоа истата цена не е идентична како продажната цена во изложените маркети и продавници, следните прашања би можеле да ги дадат потребните одговори:
– Дали дивизијата за продажба нема контрола на пазарот?
– Дали имаат лоша комуникација помеѓу дивизиите во истата фирма?
– Дали ја донесуваат одлуката за печатење на препорачаната цена без мислење на контролорите?
Извор: архива
– Дали прават анализа пред одобрувањето на печатење на дизајнот?
– Дали надлежната маркетинг агенцијата постапува по одлуката на налагодавачот без сугестија на измена и се тече “совршено“?
– Недостаток на стручен кадар или лошо кадрово одделение и од таа причина има многу чести отпуштања и нови вработувања?
Па затоа добивате заклучок дека Coca Cola-та во Македонија се продава сама од себе, а не заради локалните “smart“ менаџери кои во иднина би донеле навистина паметна одлука со отстранување на “препорачаната цена“ од дизајнот. Контролата на пазарот не се решава со печатење на цената, која што никој нема да ја почитува, туку со квалитетен однос со трговците.