Талентираниот математичар

Апел за мотивација на младиот математичар Дамјан Давков

Веста за младиот Дамјан Давков пристигна и до konkurencija.mk. По повод одбивањето на наградата н…

Веста за младиот Дамјан Давков пристигна и до konkurencija.mk. По повод одбивањето на наградата на математичарот, покренуваме иницијатива и апелираме до сите општествено одговорни компании за поддршка и мотивација на младиот математичар Дамјан Давков. За возврат на компаниите кои ќе се одважат на оваа иницијатива, konkurencija.mk нуди рекламирање, преку официјалниот веб сајт, на компанијата за одреден период.

Се надеваме на брза реакција од страна на компаниите.
Во продолжение го приложуваме постот од родителот на Дамјан, каде што е објавен официјалниот документ од решението на Министерството за образование.

Еве како во Македонија се ценат талентираните ученици. Очигледно во Законот нема предвидено вакво нешто. Да учествуваше за основно, ќе го следуваше, а вака НЕ.

Posted by Nikica Davkova on Wednesday, 3 February 2021