TIMELAPSE

Новата функција на „Google Earth“ ги покажува ефектите од климатските промени

Новата „timelapse” функција на популарната платформа дава увид во тоа како климатските промени, урбанизацијата и уништувањето на шумите ја сменија планетата во последните четири децении.

Извор: google

Новата „timelapse” функција на популарната платформа дава увид во тоа како климатските промени, урбанизацијата и уништувањето на шумите ја сменија планетата во последните четири децении.

Времепловот, составен од 24 милиони сателитски слики заедно со 800 монтирани видеа и интерактивни водичи, им овозможува на корисниците да видат како се сменило кое било место на планетата, користејќи податоци од НАСА, американскиот геолошки институт и програмата Коперникус, системот за надзор и проучување на Земјата.

Климатските промени предизвикуваат почести и посилни поплави, суши и бути бидејќи просечните глобални температури се зголемуваат достигнувајќи нови рекорди. Функцијата за временска линија на платформата Google „Earth“ покажува, на пример, како се сменија бреговите, се проширија градовите и се појави земјоделско земјиште со истовремено исчезнување на глечерите, шумите и реките.

Научниците предупредија дека зголемувањето на глобалните емисии на стакленички гасови може да доведе до екстремни временски услови и поголеми ризици од природни катастрофи.

Бонус видео…