Извор: google
Најактуелна промена во делот на каматните стапки на банките овој месец е новата понуда на Комерцијална Банка АД Скопје за станбен кредит со најниски каматни стапки на пазарот: 2.9% фиксна за првите 5 години или 3% фиксна за првите 10 години и 3.9% променлива за остатокот од периодот.
Максимален рок за отплата на кредитот е до 30 години, а максималниот износ зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката. Кредитот е наменет за купување, зградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, купување градежно земјиште, купување недвижен имот во странство или за рефинансирање на друг станбен кредит. Важно е да се напомене дека горенаведените каматни стапки важат за приматели на плата/пензија преку банката.
Други трошоци
Останати трошоци поврзани со кредитот се: 4.000 мкд надомест за одобрување и администрирање на кредитот (за рефинансирање на станбени кредити во други банки и во Банката не се наплаќа надомест), 400 мкд за аплицирање и обработка на кредитот, трошоци за интеркаларна камата, надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот, нотарски и адвокатски трошоци, трошоци за упис на заложно право врз недвижениот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга и трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици.
Наша споредба
Согласно нашите анализи во делот на станбените кредити, споредбено со Халк Банка која до сега беше на прво место со најниски каматни стапки на пазарот од 3.3% фиксна за првите 10 години и 4.0% променлива после 10-тата година за станбен кредит на 10 години за износ од 30.000 евра, односно од 50.000 евра во Комерцијална Банка би вратиле 480 евра, односно 840 евра помалку во споредба со Халк Банка. За истиот износ на кредит, со рок на враќање од 20 години, преку Комерцијална Банка би вратиле 960 евра, односно 1.680 евра помалку во споредба со Халк Банка.
Рок на враќање 10 години
Износ на кредит | 30.000 евра | 50.000 евра |
Комерцијална Банка | 34.800 евра | 57.960 евра |
Халк Банка | 35.280 евра | 58.800 евра |
Заштедувате | 480 евра | 840 евра |
Рок на враќање 20 години
Износ на кредит | 30.000 евра | 50.000 евра |
Комерцијална Банка | 40.800 евра | 67.920 евра |
Халк Банка | 41.760 евра | 69.600 евра |
Заштедувате | 960 евра | 1680 евра |
Со оваа понуда Комерцијална Банка заслужено се позиционира на првата позиција на нашата листа за март, 2021.
Останува да видиме во наредниот период дали оваа понуда ќе ги стимулира конкурентските банки да понудат нов и поатрактивен станбен кредит со пониски каматни стапки.