Потрошувачот има право да знае

Јавен транспарентен одговор на анонимна поплака и закана за правна разрешница кон konkurencija.mk

По повод нашиот текст објавен на 08.03.2021 година каде ја известуваме јавноста за конкурентната цена за производ: сет за чистење монитори од марката Philips, добивме анонимен e-mail со поплака/закана кој Ви го прикажуваме во целост.

Извор: google

По повод нашиот текст објавен на 08.03.2021 година каде ја известуваме јавноста за конкурентната цена за производ: сет за чистење монитори од марката Philips, добивме анонимен e-mail со поплака/закана кој Ви го прикажуваме во целост.

Бидејќи мејлот е анонимен, нашиот официјален одговор го исраќаме преку овој пост:

Нашиот одговор од правната служба:

Почитувани,

Со должно внимание, темелно ја разгледавме Вашата поплака и барање.
Ве информираме дека интернет порталите не се предмет на регулација на Агенција за аудио и визуелни медиуми.
Работењето на интернет порталот konkurencija.mk е во целост усогласен со позитивното македонско законодавство, а посочениот закон од Ваша страна е со постара дата и истиот е изменет (СВ 14 од 23.01.2014).
Авторски права
Не гледаме во кој момент Ви се повредени Вашите авторски права, бидејќи на нашиот пост е постирана слика од Вашиот сајт (кој е јавен), но никако не е злоупoтребено Вашето лого за комерцијални права, што пак е предмет на заштита согласно Законот за сродни и авторски права.
Заклучок
Би сакале да Ви укажеме дека слободата на говор е уставно загарантирана материја и со Вашето однесување алудирате на цензурирање на слободата на говор и спречување на информирање на потрошувачите. Нашата објава имаше единствена цел да ја информира јавноста за конкурентноста на истакнатата цена за одреден производ.

Со почит,
Правна служба на невладиното здружение АЛТРУИСТ – Скопје,
издавач на веб сајтот konkurencija.mk.

Нашиот одговор од тимот кој ги работи анализите на пазарот:

Почитувани,

Ви благодариме што ни „појаснивте“ околу термините: „овластен увозник, официјален дистрибутер, официјален дилер и декларација“.
Ви благодариме за епитетите и тврдењата: „никакво истражување, без докази, доведуваме во заблуда, реално истражување, колку години работиме, неточни информации“ и верувајте дека ваквите реакции ни докажуваат дека сме на прав пат и ни даваат мотив да бидеме поефикасни во корист на потрошувачите.
Konkurencija.mk ги воочува аномалиите кон потрошувачите и истите ги објавуваме. Јасен ни е Вашиот револт бидејќи секоја промена на пазарот за доброто на потрошувачот создава одредена загуба на трговец кој е помалку конкурентен на пазарот. На исти и слични реакции сме подготвени уште пред започнување на проектот, затоа ги знаеме сите измени на законот, за разлика од Вас.
Ве уверуваме дека невладиното здружение Алтруист – Скопје, односно konkurencija.mk никогаш нема за цел да дава неточни информации, да доведува било кого во заблуда, а најмалку потрошувачите. Ние немаме потреба да користиме туѓо лого бидејќи имаме свое. Предмет на нашите анализи и објави во иднина ќе бидат сите конкурентни цени заради подобра информираност на потрошувачот.
Што се однесува до Вашето барање за отстранување на нашата анализа т.е. текстот исто така нема да биде испочитувано од причина што ние не се обративме до Вас со молба да ја намалите цената, ниту да ја отстраните црвената цена од вашиот дизајн која го доведува потрошувачот во заблуда дека купува поевтин производ, а впрочем плаќа поскапа цена, туку само јавно ја споредивме со конкурентната цена од друг трговец што е наше легитимно право.

Срдечен поздрав,
Тимот на sporedi.me