Колку често ви се случило да воочите одреден производ со намалена попуст цена на едно место, за да во друга продавница тој истиот производ да е со регуларна цена, која е дури и пониска од наводно намалената цена во првата продавница?
За време на пандемија, онлајн купувањето стана актуелно и конкурентно во однос на класичниот шопинг, па тоа го искористија навидум итрите онлајн трговци за да ги „замачкаат очите“ на купувачите, а со тоа и да заработат повеќе.
За да Ви стане појасно, ќе ја поедноставиме споредбата.
На пример, еден сет за чистење на монитори од Philips во комплет со микрофибер крпа се продава во овластен застапнк за Philips – Anhoch по регуларна цена од 290 денари. Истиот продукт на некоја онлајн страна за акции се продавал наводно за 399 денари, по што добива попуст и нова цена од 299 денари.
Кога воопшто постоела оваа првична цена за ваквиот производ и зошто некој би купил ваков сет со така висока цена наместо истиот да го земе од Anhoch по доста пониска?
Дури и во случај на попуст, кај официјалниот дистрибутер, производот е поевтин. Незначително, но сепак поевтин.