ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Администрацијата ќе одмори повеќе, во петок на работа само 4 часа

Државната администрација добива повластен однос. Наместо 40 часа, административците ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи) и истекува рокот за коментари.

Извор: google

Државната администрација добива повластен однос. Наместо 40 часа, административците ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок.

Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи) и истекува рокот за коментари.

Новиот зкаон е подготвен од Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерот Јетон Шаќири не гледа причина зошто не би бил прифатлив ваквиот предлог кој според него се базира на искуството на повеќе земји во светот.

Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.332 институции. Од вкупниот број, 19.594 лица се вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција.