КОКТЕЛ ОД ДВЕ ВАКЦИНИ

Зошто Меркел прими различни вакцини?

БЕРЛИН – Германската канцеларка Ангела Меркел прими вакцини против вирусот корона на различни производители со цел да ги охрабри граѓаните да не се плашат ако им се советува да го сторат истото, изјави денеска нејзиниот портпарол Стефан Зајберт.

Извор: google

Кабинетот на германската канцеларка вчера потврди дека Меркел ја примила првата доза на вакцината „астра зенека“ на 16 април и дека била повторно вакцинирана со „модерна“.

Зајберт посочи дека Меркел намерно ја избра вакцината „астра зенека“ за прв пат кога имаше сериозна загриженост за несакани ефекти.

„Сега можеби тоа го стори за да ги смири стравувањата кај луѓето кои се загрижени за таканаречената„ мешана вакцинација ““, додаде Зајберт.