Најновото истражување на Институтот Гамалеја потврдува дека втората доза на вакцината „Спутник V“ може да се даде до 90 дена по приемот на првата доза, соопшти денеска Министерството за иновации и технолошки развој.
Зголемувањето на интервалот помеѓу првата и втората доза не влијае на јачината на имунолошкиот одговор, а во некои случаи дури ја зголемува силата и го продолжува времетраењето на имунолошкиот одговор на вирусот корона.
Јавното соопштение е дадено минатата недела од страна на директорот на рускиот институт Гамалеја, Александар Гинзбург, а таа беше потврдена денес од страна на заменик-министерот за здравство на Русија.
Сите корисници на руската вакцина беа информирани дека втората доза досега требаше да се прими по 21-от ден, но најновото истражување за вакцината Спутник В покажува дека периодот помеѓу примената на првата и втората доза може да биде до 90 дена. Ова е добра вест за целиот свет, бидејќи ќе го забрза производството и дистрибуцијата на вакцини, а со тоа и имунизацијата на поголем број од населението
Првите вакцини „Спутник V“ во Институтот Торлак во Белград, соседна Република Србија треба да бидат произведени до крајот на мај оваа година.