Извор: google
ВИЕНА – Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари во соседна Германија, истакнуваат дека такво нешто нема да воведат во таа земја.
„Такво нешто нема да се случи во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“.
Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски, пренесува Танјуг.
Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристина Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата од вакцинација не помага.
„Особено земјите со драматичен број на корона треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување на нови мерки“, рече таа.
Извор: google