Извор: google
ПОДГОРИЦА – Во последните 24 часа, откриени се 165 нови случаи на коронавирус во Црна Гора, од кои 35 се меѓу туристи.
Тестирани се 3.019 лица, а нема смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје, пишува порталот Кафе дел Црна Гора и пренесува Танјуг.
Најмногу новозаразени се откриени во Будва, 38, во Подгорица, Бар, Тиват и Котор.
Вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 1.451.