ЕФИКАСНОСТ КОН МУТАЦИИТЕ

Вакцините можеби нема да бидат ефикасни против новата мутација

ЛОНДОН – Министерот за здравство на Обединетото Кралство, Саџид Џавид, изјави дека вакцините против Ковид 19 би можеле да бидат помалку ефикасни против новоидентификуваната варијанта на корона вирусот, изјави Џавид пред новинарите, пренесува Ројтерс.

Извор: google

Според британскиот министер, тоа укажува дека може да биде позаразно и дека сегашните вакцини со кои располагаме би можеле да бидат неефикасни.

Научниците предупредија дека нов вид на коронавирус кој има „исклучително голем број“ мутации може да предизвика нови бранови на болести, заобиколувајќи ги одбрамбените механизми на телото.

Геномското секвенционирање потврди само 10 случаи на оваа варијанта на вирусот во три земји, но овој вид предизвика сериозна загриженост кај некои истражувачи, бидејќи бројните мутации можат да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот, пренесува „Гардијан“, пренесува Танјуг.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во протеинот шилец, дел од вирусот што повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против Ковид.

Оваа варијанта за прв пат беше забележана во Боцвана, каде што беше потврдена со секвенционирање во три случаи, а уште шест беа потврдени во Јужноафриканската Република и еден случај во Хонг Конг кај патник кој се враќал од Јужна Африка, пишува британскиот весник.