ДОБРА ВЕСТ

Укинато задолжителното носење маски на отворено

ГРЦИЈА ќе го укине задолжителното носење маски надвор и ќе ги ублажи преостанатите ограничувања воведени поради пандемијата Ковид-19, објавија денеска грчките власти.

Извор: google

ГРЦИЈА ќе го укине задолжителното носење маски надвор и ќе ги ублажи преостанатите ограничувања воведени поради пандемијата Ковид-19, објавија денеска грчките власти.

Носењето маски во затворен простор сепак ќе биде задолжително, а од четврток веќе нема да биде случај на отворено, објави Ројтерс.

Подобрената епидемиолошка слика е јасна и поволна, рече членот на комитетот за заразни болести и советник на владата, Вана Папаевангелу и додаде дека изгледите се добри.

Таа рече дека сè додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.