Со методологија телефонско интервју (CATI –Computer assisted telephone interviewing) на примерок од 1100 испитаници, Владата на Македонија изврши истражување за ставовите на јавноста околу процесите на имунизација во земјава.
Спутник В (65%), Фајзер (61%) и Синофарм (50%) се вакцините со највисоки проценти на доверба на македонските граѓани со кои би сакале да се вакцинираат.
За разлика од овие три, кај другите три вакцини, процентот за вакцинација е помал (Модерна-38%, Џонсон и Џонсон – 36% и Астра Зенека 34%). Повеќе од половина (50%) од граѓаните прво би чекале потврда за успешноста на вакцината од случаи кои ги познаваат наспроти 42% кои веднаш би се вакцинирале.
Граѓаните сметаат дека спроведување на вакцинација на поголемиот дел од населението е исклучително и многу важно (67%), наспроти 13% кои сметаат дека вакцинацијата на поголем дел од населението не е важна.
Приближно половина (45%) од граѓаните сметаат дека се информирани за процесот на вакцинација. Телевизијата е најчест извор на информирање (73%), по што следи интернет (45%) и социјалните медиуми (36%). Нус појави од вакцината/несакани ефекти (52%), безбедноста на вакцината (50%), ризици (44%) и времетраењето на обезбедената заштита на организмот од вирусот (43%) се податоци кои граѓаните најмногу би сакале да ги знаат пред да ја изберат вакцината со која би се вакцинирале.