КРЕАТИВЕН БИЗНИС

Смислил креативен начин како да не го затвори бутикот во време на пандемија

Бутик за облека во Баден-Виртемберг започна со продажба на тоалетна хартија, како и други неопходни продукти со цел да остане отворен и покрај ограничувањата на германската влада како дел од мерките во борба со Covid-19.

Извор: pexels

Бутик за облека во Баден-Виртемберг започна со продажба на тоалетна хартија, како и други неопходни продукти со цел да остане отворен и покрај ограничувањата на германската влада како дел од мерките во борба со Covid-19. Имено, во Германија сите молови и бутици се затворени, освен продавниците за храна и аптеките. Па така, во обид да ја преживее пандемијата и како форма на креативен протест против она што некои трговци го сметаат за нелогични правила, сопственикот Марсел Јунд реши да ја преживее кризата така што ќе ја пренамени својата дејност.

„Како продавач, секогаш се обидувате да ги оптимизирате вашите производи на исплатлив начин, па затоа направивме анализа на пазарот и откривме дека главниот производ што се користи во пандемијата во Германија е тоалетна хартија“, објасни сопственикот.

Пакувања тоалетна хартија и дезинфекциони производи, но и кафе, чоколади и тестенини се најдоа во палетата на производи кои се изложени од сега во бутикот, кој до вчера беше препознатлив само по парчињата облека за мажи и жени. Наместо сукњи и сакоа, од сега бутикот продава средства за хигиена.

„Како продавница за облека, моравме повторно да затвориме согласно новите рестриктивни мерки и единствената можност да ја промениме самата ситуација беше реорганизација на асортиманот за да може ете повторно да се отвори како аптека и продавница за храна” – додава итриот трговец, кој смета дека со ваквиот потег клиентите позитивно биле изненадени.

За потсетување, од почетокот на пандемијата од коронавирусот во Европа, тоалетната хартија преку ноќ стана еден од најбараните продукти во продавниците.

Поради зголемениот број на заразени, Германците и во последните неколку денови повторно почнуваат панично да купуваат тоалетна хартија.

Бонус видео…