ДОСЛЕДЕН ВО ИЗБОРОТ

Путин откри која вакцина ја примил

Рускиот претседател Владимир Путин откри која вакцина против коронавирус ја примил. Негов избор беше руската вакцина Спутник В.

Извор: google

Рускиот претседател Владимир Путин откри која вакцина против коронавирус ја примил. Негов избор беше руската вакцина Спутник В.

Путин, кој денес одговара на прашања од руски граѓани, рече дека од него било замолено да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа признал дека станува збор за вакцината Спутник V развиена од рускиот инвестициски фонд во соработка со институтот Гамалеја. Оваа вакцина е прва регистрирана вакцина во светот против ковид-19.

„Донесов одлука да се вакцинирам со Спутник V, особено затоа што нашите вооружени сили се вакцинирани со таа вакцина, а јас сè уште сум врховен командант. „После примањето на втората компонента, имав температура од 37,2 степени навечер, и 36,6 степени наутро“, откри тој.

Тој додаде дека тестот покажал дека по вакцинирањето, тој има високо ниво на заштита од корона вирусот.

Исто така, рускиот претседател истакна дека е против задолжителната вакцинација и дека „луѓето кои се вакцинирани можат да бидат заразени од инфекцијата, но сепак болеста е полесно поднослива и без последици“.

„Како што можеме да видиме, сè е во ред со нас. „Фала му на Бога, немаме трагични ситуации по вакцинирањето, како на пример по употребата на AstraZeneca или Pfizer“, рече Путин. Првиот човек во Русија откри и дека една од неговите ќерки примила вакцина Спутник В.