СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА СООПШТУВА

Постојните вакцини треба да не заштитат од потешките симптоми на инфекција со омикрон

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека верува дека постоечките вакцини „ќе продолжат да спречуваат сериозни болести“ во случај на инфекција со омикрон.

Извор: google

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека верува дека постоечките вакцини „ќе продолжат да спречуваат сериозни болести“ во случај на инфекција со омикрон.

СЗО минатата недела соопшти дека новиот вид на Ковид-19 е „загрижувачка варијанта“. Но, портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, рече дека омикрон не е сој што треба да предизвика „паника“.

Таа за Би-Би-Си изјави дека целта на мерките е да се подигне претпазливост меѓу државите, „но дека не треба да претеруваме“.

Омикрон стана доминантен во Јужна Африка
Здравствените експерти велат дека новата варијанта на коронавирусот омикрон сега стана доминантна во Јужна Африка и предизвикува нагло зголемување на нови инфекции.

Според последните податоци, во последните 24 часа во Јужна Африка се пријавени околу 8.500 нови случаи на инфекција со Ковид-19, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден, кога беа пријавени над 4.300 нови инфекции.

За споредба, во средината на ноември дневниот број на новозаразени се движеше меѓу 200 и 300.