ПОВТОРНИ РЕСТРИКЦИИ

Грција воведе полициски час на островот Крит

АТИНА – Грчката влада воведе строги ограничувања денеска во Хераклион, главниот град на Крит. Според најавата, на сите локални жители и посетители на Хераклион ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 23 часот до 6 часот наутро, пишува „Грикрепортер“.

Извор: google

АТИНА – Грчката влада воведе строги ограничувања денеска во Хераклион, главниот град на Крит.

Според најавата, на сите локални жители и посетители на Хераклион ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 23 часот до 6 часот наутро, пишува „Грикрепортер“.

Има вкупно 554 случаи на коронавирус на Крит.

Грција регистрираше зголемување на дневниот број на луѓе кои страдаат од коронавирус, бидејќи вкупно беа регистрирани 4.181 случаи во целата земја, пренесува Танјуг.