Преку - океански превоз

Пандемијата создава бродски хаос на светските океани - недостаток на контејнери

Зголемувањето на цената се должи на нарушувања во глобалната трговија со контејнери, а причината е пандемијата Covid-19. Во најголемото пристаниште за контејнери во нордискиот регион во Гетеборг, логистичките компании ги забележуваат овие проблеми.

Извор: unsplash

Цената на преку-океанскиот превоз драматично се зголеми. Во последниве месеци, цената на испорака на контејнер од Кина до Европа се зголеми од 2000 на 10 000 УСД во зависност во кој дел од Европа патува.

Зголемувањето на цената се должи на нарушувања во глобалната трговија со контејнери, а причината е пандемијата Covid-19. Во најголемото пристаниште за контејнери во нордискиот регион во Гетеборг, логистичките компании ги забележуваат овие проблеми.

Алармантна е ситуацијата, никогаш порано не се случило, реагираат сите агенции кои работат со логистика на контејнери. Околу 90% од целата стока во глобалната трговија се транспортира по морски пат. Нарушувањата можат да доведат до повисоки цени за потрошувачите и висок ризик од одложена испорака.

Сега има компании што едвај опстојуваат, сериозните проблеми се појавија веднаш по светскиот lockdown. Тогаш производството во кинеските фабрики значително се зголеми и автоматски се зголеми и притисокот врз пристаништата во Кина.

Паралелно со ова, едно од најголемите пристаништа во светот, Лонг Бич покрај Лос Анџелес на западниот брег на САД, пристаништето немаше доволно персонал, а во секој момент неколку бродови чекаа на ред за истовар.

Дополнителен проблем се јавува затоа што голем број на бродови (околу 30 во секој момент) се враќаат во Кина без контејнери.

Покрај тоа, бродските компании се под влијание на големата побарувачка во Кина. Многу бродови брзаат да се вратат на најголемите пристаништа во Кина и затоа занемаруваат да ги товарат бродовите со контејнери од пристаништата на запад, со цел да заштедат време, што дупло го влошува недостигот на контејнери во Кина.

Сите корисници на океанскиот превоз беа навикнати на паѓање на транспортните трошоци, но сега пандемијата го предизвика хаосот и цените поскапеа, што ќе допринесе до поскапувањето на цените кон крајните потрошувачи.