Извор: google
Постои еден проблем во македонското здравство со кој се соочуваат многумина пациенти, кои го „прележале“ корона вирусот независно со хоспитализација или во домашни услови. Истите тие не се во можност да ги третираат хроничните болести, од кои подолг период боледуваат, кај специјалисти за одредена болест. Во продолжение, Ви пренесуваме едно сведоштво на наш читател со кое несомнено ќе се согласат многумина кои станале по „сила на приликата“ пациенти во македонското здравство. Ваквите искуства треба да ги поттикнат здравствените власти во решавање на ваквите пропусти.
Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста – истиот се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста. Ова е алгоритмот прифатен од светската пракса, но како е тој алгоритам воопшто е успешно имплементиран кај нас? Доколку поминат 20 дена, некогаш за пациентот е невозможно да добие пристап до специјалистот кој треба да ја лекува неговата хронична болест. Зашто? Затоа што се бара тест за Covid-19, кој ете, може да излезе дека е позитивен, а пациентот согласно алгоритмот се смета веќе за оздравен и незаразен за околината.
Поради овој алгоритам, укинати се двата последователни негативни тестови кои постоеја порано, но пациентите се хронични заболувања доаѓаат до следнава системска перипетија на пост Covid-19 третман. И на овој начин се губат човекови животи, без разлика дали се работи за државни или приватни установи. Пациентот бил оставен на немилост поради потребата од специјалистичка поддршка. Овој системски проблем го доживуваат многумина, како и нашиот читател, па затоа прашуваме зошто не се превзема ништо околу ова? Докторите креваат раменици, а пациентите губат нерви во здравствените лавиринти, обидувајќи се да добијат термин кај специјалист.
Зошто се укинати негативните тестови ако специјалистите бараат тест за прием? Хроничните болести е неопходно да се продолжат со следење, макар со некаков протокол кој ќе овозможи заштита на докторите, а и на сите инволвирани во приемот на пациентот, кој прележал Covid-19.
Бонус видео…