Извор: google
Дали ќе има намалување на полицискиот час и отворање на угостителските објекти?
1. Времетраење на полицискиот час
Како што дознаваме, неофицијално, во понеделник на состанокот на Главниот координативен кризен штаб, ќе биде предложено олабавување на моменталните епидемиолошки мерки, кои стапија на сила на 6 април. Имено, ќе се дискутира за можноста да се намали времетраењето на полицискиот час, па наместо во 20, да започнува од 22 часот и да трае до 5 часот наутро.
2. Теретаните остануваат затворени.
3. Угостителски објекти и нивното работење
Една од точките за разгледување ќе биде и состојбата со угостителските објекти – ќе се препорача нивно отворање, но под посебни услови. Тоа би значело протоколи и работа само на отворените тераси. Гости нема да смее да се примаат во внатрешниот и затворен дел на кафичите, кафеаните и рестораните, туку само во надворешниот простор.
Во вторник угостителите најавија и протест пред Министерството за финансии, а дали евентуално олабавување на мерките од ГККШ и Владата ќе ја предомислат туристичко-угостителската комора, останува да видиме. Последниве денови, како што изјави Министерството за здравство има тренд на благ пад на новозаболени и приеми во болниците ширум земјава. Дали е ова доволно за олабавување на мерките, останува да почекаме и официјално да бидеме известени.
Бонус видео…