Извор: google
Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спреј за нос на база на азотен оксид (NONS) од биотехнолошката компанија „SaNOtize Research and Development”, што може да помогне да се спречи пренесувањето на коронавирус.
Производството на спрејот наречен „Enovid“ започна во Израел во соработка со партнерската компанија на „SaNOtize”, “Nextar Chempharma Solutions Ltd” и се очекува производот да се најде во продажба во текот на летото.
Во Нов Зеланд, „SaNOtize” регистрираше спреј за нос со одобрение од Регулаторната агенција на Нов Зеланд, Администрацијата за безбедност на лекови и медицински помагала дозволи веднаш да се дистрибуира и продава производот без рецепт. Овој спреј треба да ги заштити луѓето од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт.
Според клиничките испитувања, спрејот е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на коронавирус, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти.
Крис Милер, водечки научник во SaNOtize, смета дека нивната формула на азотен оксид за човечка употреба е дизајнирана да „уништи вируси во горниот респираторен тракт, спречувајќи ги да инкубираат и да се шират кон белите дробови“.
Министерството за здравство на Нов Зеланд се уште не го има одобрено за официјална употреба, но согласно динамиката на административната процедура, се очекува набрзо да се биде одобрен и да се најде на пазарот.