Извор: google
Кинеската Амбасада на чело со амбасадорот Џан Ѕуо со најголема поддршка досега кон македонските граѓани во борбата против пандемијата, денес пристигна испораката од 500.000 Синовак вакцини кои беа пречекани од Државниот секретар на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски.
Државниот секретар на Министерството за здравство Иванка Стојаноски на свеченото примопредавање на вакцините се заблагодари во име на македонскиот народ и Владата за поддршката упатена кон амбасадорот и Народна Република Кина со зборовите:
Извор: архива
„Почитувана, екселенцио амбасадоре Џан Ѕуо, почитувани граѓани, почитувани медиуми:
Петстотините илјади вакцини од кинескиот производител Синовак, што денеска пристигнаа во нашата земја се најголема пратка вакцини досега, со кои преку одличната организација на процесот на имунизација за многу краток период ќе постигнеме значаен број на вакцинирани граѓани што ќе го забрза процесот до постигнување колективен имунитет во државата. Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со ковид 19, и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Во оваа прилика изразувам голема благодарност до владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот. Особено му благодарам на амбасадорот Џан Ѕуо, благодарение на неговата лична заложба и напорите што ги вложи, нашата држава доби одеднаш голема колична вакцини. Нашата соработка ќе продолжи и во иднина, оваа здравствена криза покажа колку поддршката и пријателствата меѓу земјите се важни.“
Во прилог галерија од настанот:
Извор: архива