Извор: google
Светските влади треба да размислат за „солидарност“ во оданочувањето на лица кои се збогатија за време на пандемијата со цел да се намали екстремната нееднаквост во светот, изјави денес генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
„Ние мора да се осигураме дека парите се насочени таму каде што се најпотребни. Најновите откритија ни сигнализираат дека богатството на најбогатите луѓе во светот е зголемено за 5 илјади милијарди долари во изминатата година“, рече Гутереш на сесијата на ООН.
Тој повтори дека групата од 20 најбогати земји во светот треба да го продолжи мораториумот за сервисирање на долгови до 2022 година и воедно да го прошири со цел да им помогне и на земјите во развој и на оние со средно развиена економија да се опорават од пандемијата.
„Не смееме да бидеме задоволни со олеснување на отплатата на долгот, но мора итно да ја зајакнеме архитектурата на меѓународното задолжување со цел да ги запреме смртоносните циклуси на должнички обврски, глобалната должничка криза и изгубените децении“, нагласи генералниот секретар на ООН и го повтори својот повик вакцините да бидат достапни за сите земји и притоа да се обезбедат дополнителни пари за финансирање на фондот за дистрибуција на вакцините COVAX, кои денес се распределени во најголем процент меѓу само 10 земји.
Бонус видео…