ЗГОЛЕМЕНА ЗАРАЗЕНОСТ

Нагло зголемување на хоспитализираните пациенти од Ковид-19 во Португалија

ЛИСАБОН – Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците во Португалија драматично се зголеми и сега повеќе од 1000 лица се заразени со делта сојот на коронавирус и се сместени во болничка нега, тоа е воедно највисок процент на заразеност од март.

Извор: google

ЛИСАБОН – Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците во Португалија драматично се зголеми и сега повеќе од 1000 лица се заразени со делта сојот на коронавирус и се сместени во болничка нега, тоа е воедно највисок процент на заразеност од март. Заклучно со понеделникот, вкупно 729 пациенти со Ковид-19 се во болници, соопштија здравствените власти.

Бројот на нови инфекции во Португалија се зголемува со недели. Во изминатите 24 часа, регистрирани се 1.782 нови случаи и осум смртни случаи во земја со околу 10,3 милиони жители, соопштија официјалните лица.

Стапката на инциденца на 100.000 жители за 14 дена беше 55 пред еден месец, а сега се искачи од 272 на 315 за еден ден, покажуваат официјалните податоци.

Поинфективната делта варијанта на коронавирусот се шири брзо и е виновна за 90 проценти од новите случаи.

Португалија воведе полициски час пред околу десет дена за да се бори против зголемувањето на инфекциите.

Во најтешко погодените области, вклучително и Лисабон, на жителите им е дозволено да ги напуштат своите домови само за добра причина помеѓу 23 и 17 часот. Мерката влијае на околу четири милиони луѓе.