ЗАОСТРУВАЊЕ

Макрон во Франција ги затвора градинките и училиштата

ПАРИЗ – Франција ќе ги заостри ограничувачките мерки што веќе беа на сила во регионот на Париз, но и во некои други области во земјата, рече синоќа претседателот Емануел Макрон во телевизиско обраќање до нацијата.

Извор: google

Новите мерки ќе бидат во сила најмалку еден месец, а Макрон процени дека „контролата над пандемијата ќе биде изгубена доколку нема непосредна реакција“, објави Ројтерс.

Макрон додаде дека Франција ќе ги затвори училиштата и градинките за три недели. Претходно, училиштата беа затворени два месеци за време на првиот бран на пандемијата Ковид, но владата ги отвори за време на вториот бран од ноември и досега не ги затвори.

„Тоа е најдобрата опција да се забави ширењето на вирусот“, рече Макрон, наведувајќи дека празникот за учениците ќе започне на 12 април.

Тој процени дека вакцините даваат резултати и дека Европа ќе биде лидер во светот во производството на вакцини, откривајќи дека 250.000 луѓе ќе учествуваат во вакцинирањето на Французите.

„Луѓето над 60 години ќе можат да се вакцинираат од 16 април, а оние над 50 години од 15 мај“, рече Макрон.