ИНДЕКС НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ 2021

Македонците први во Западен Балкан кои подлегнуваат на шпекулации

Институтот на отворено општество во Софија со анализа за балканските земји на тема „Отпорност на лажни вести за време на инфодемијата на Ковид-19“.

Извор: google

Институтот на отворено општество во Софија со анализа за балканските земји на тема „Отпорност на лажни вести за време на инфодемијата на Ковид-19“. Според овој извештај и индекс на медиумска писменост 2021, земјите од Западен Балкан се најчувствителни на лажните вести и дезинформациите, кои предизвикуваат негативни ефекти врз ставовите и размислувањата на населението. Неможноста на Балканците да се спротистават на шпекулациите се должи на состојбата на слобода на медиумите и образованието.

На последното место во Индексот за медиумска писменост објавен од Институтот е Македонија, потоа Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. Србија е на 29. место од 35 европски земји опфатени со истражувањето. Финска, Данска, Естонија, Шведска и Ирска имаат најголем отпор кон лажни вести и дезинформации благодарение на квалитетот на образованието, медиумската слобода и меѓусебната доверба во општеството.

Показатели на медиумска писменост што се користат во Индексот се слободата на медиумите, образованието, електронското учество, политичката поларизација и довербата во луѓето.

Препораката е дека оптимален пристап во справувањето со лажни вести може да се постигне само преку образованието. Справувањето со лажните вести и дезинформации ќе го намали нивото на политичка и социјална конфронтација, ќе ја зголеми довербата во општествата и ќе придонесе за „поздрава“ околина.