ИМУНИЗАЦИЈА

Македонците ги преферираат овие две вакцини за Covid-19

Според анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), Pfizer и Sputnik V се најпреферирани вакцини.

Извор: google

Според анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), Pfizer и Sputnik V се најпреферирани вакцини.

Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Македонија. Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.

21,8 отсто се изјасниле дека сакаат да ја примат вакцината Sputnik V, 21,6 ја преферираат онаа на Pfizer, 13,8 се за која било, 6,2 се за АstraZeneca, 4,4 проценти за Sinopharm и 3,1 за Moderna. На истото прашање за тоа која вакцина би ја примиле, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале.

Од испитаниците во Анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Македонија слично се справува како другите држави.

Бонус видео…