Извор: unsplash
Првин беше кинескиот сој кој ја парализира Земјината топка за последниве недели, актуелни да станат новите мутации на корона вирусот, кои повторно сеат страв и паника како меѓу народот, така и меѓу државните извршни и здравствени власти кои се насочени кон пратење на сите научни истражувања и соодветна реакција на новите соеви. Но, дали заштитните маски кои ги користиме се ефикасни против сите нови соеви и која е најдобриот избор?
Светскиот експерт, д-р Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и инфективни болести, смета дека носењето две маски за подобра заштита од вирусот има смисла, бидејќи повеќе слоеви се подобри од една. Според него, различните видови на вирусот се само уште една причина зошто секогаш треба да носиме маска. Со ист став е и д-р Мерибет Секстон, доцент по инфективни болести од Атланта, според која ако маските се носат правилно и во сите ситуации, тоа ќе спречи пренесување на вирусните честички, без оглед на кој сој и да е.
Но, дали навистина треба да носиме повеќе маски на себе, како што предлагаат повеќе светски инфектолози? Иако изгледа утопично носењето на две или повеќе маски, од практична гледна точка, тоа е непријатно.
Затоа треба да носиме маска што ни е најудобна за да може да издржи подолго време, а воедно и да ја извршува својата функција.
Извор: unsplash
Анестезиологот Сегал од Калифорнија ги проучуваше својствата на ткаенините за маски за лице, уште од почетокот на пандемијата, со цел да открие која е најефикасна.
„Мојот заклучок е дека, кога ќе го земеме предвид балансот меѓу удобноста и ефикасноста, за луѓето е најдобра трослојната хируршка маска. За оние кои сè уште сакаат памучни маски, потребно е тие да бидат двослојни и изработени од многу квалитетен памук со густа ткаенина. Златниот стандард е сепак маската N95, но според врвни центри за превенција од болести, таа не се препорачува за обична индивидуа која не е здравствен работник. Затоа трислојната хируршка маска е сепак најдобриот избор“, вели Сегал.
И други доктори се согласуваат со тоа дека и во случај да имате добра маска (К)N95, нема да помогне доколку луѓето околу вас не ги носат правилно нивните маски и не ги носат секогаш.
Подобро сите да носат хируршки или платнени маски, наместо можеби фалсификувани KN95 (кои го преплавија кинескиот пазар на пример), но истите да се носат правилно и постојано со што ќе штитат и од новите бразилски, јужноафрикански или британски соеви на вирусот – заклучуваат светските здравствени експерти.