МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Повик за вакцинација на 73 и 74-годишни - кога на ред ќе дојдат помладите?

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.

Извор: google

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.

Министерството за здравство на Македонија информира дека граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им се закаже термин за вакцинација.

Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, а вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст.

Одејќи по оваа логика, колку време ќе биде потребно за да се дојде до помладите возрасни групи кои имаат желба за вакцинација? Поради тоа што многу европски земји веќе воведоа таканаречени Covid пасоши, младите ќе бидат особено заинтересирани што побрзо да ги добијат тие потврди за патување, односно што побрзо да се вакцинираат.

Судејќи по оваа национална стратегија за имунизација, токму оваа возрасна група очигледно уште долго ќе почека за имунизација.

Бонус видео…