КОНЦЕРТ ПОД ПРОТОКОЛИ

Ќе може ли и Македонија по примерот на Шпанија да ги врати концертните настани?

Во Барселона, првпат од почетокот на пандемијата, се одржа концерт со публика од 5.000 луѓе. Сите присутни пред почетокот на концертот биле тестирани со брз тест за корона вирус.

Извор: google

Во Барселона, првпат од почетокот на пандемијата, се одржа концерт со публика од 5.000 луѓе. Сите присутни пред почетокот на концертот биле тестирани со брз тест за корона вирус.

Љубителите на музиката имаа можност за прв пат откако започна големата пандемија да се прегрнат, да танцуваат и да пејат заедно на распродаден рок концерт во саботата откако им беа направени брзи тестови на Covid-19.

Концертот се одржа во Palau Sant Jordi во Барселона и со ваквиот настан се отвораат вратите на музичката концертна индустрија во Шпанија и пошироко. Сепак работите не се вратија комплетно во нормала – можеби не постоеше социјална дистанца, но сите присутни мораа да носат заштитни маски.

“Беше спектакуларно. Се чувствувавме безбедно цело време. Бевме во првиот ред и тоа беше нешто што многу ни недостигаше” – изјавија дел од присутните.

Извор: google

Здравствените контроли на влезот го одложија почетокот на концертот, но не можеа да го намалат славеничкиот дух. Концертот одобрен од владата послужи како тест за тоа дали слични настани ќе можат да се организираат повторно.

Предконцертното тестирање на три локации во Барселона беше спроведено од 80 медицински сестри кои носеа целосна опрема за лична заштита, а само неколку испитани лица имале позитивен тест па не биле можност да присуствуваат на концертот, за што организаторот ќе им ги рефундира уплатените средства. Во цената на билетот биле вклучени и заштитните маски и рапид тестовите.

Дали ова означува враќање на концертите во Европа и низ целиот свет? Ќе може ли и Македонија да го следи ова темпо и со ваква организација да обезбеди забава и здравствена заштита за луѓето желни за присуство на големи концерти?