Извор: google
Д-р Гасан Камел од Универзитетската болница во Сент Луис покажа рендгенски зраци на белите дробови на вакцинирани и невакцинирани пациенти со корона.
Лекарот, кој раководи со одделот за интензивна нега, рече дека сака да го сврти вниманието на важноста на вакцинацијата, која спречува тешки форми на болеста поради инфекција со ковид-19.
Бели дробови на невакцинирано лице заразено со корона
Извор: google
– Пациентите кои се вакцинирани можеби нема да ја видат внатрешноста на болничката соба. Не им треба интензивен и не им треба респиратор – рече тој.
Бели дробови на вакцинирано лице заразено со корона
Извор: google
Експертите ширум светот повторуваат дека вакцината против вирусот корона штити од посериозна клиничка слика во случај на инфекција со ковид -19, но тие исто така предупредуваат дека вакцината не ве спречува да го добиете и пренесете вирусот на некој друг.