Извор: google
Додека Венко Филипче и Зоран Заев тактизираа со набавка на вакцини од западноевропски производители или евентуално нарачување на кинеска вакцина со сомнителни нарачувања па повлекување на пари, европските држави веќе преговараат за порачки од рускиот производител.
БЕРЛИН – Германија има намера да нарача вкупно 30 милиони дози на руската вакцина Спутник V, беше објавено во четвртокот по разговорите меѓу премиерот на сојузната покраина Саксонија и рускиот министер за здравство во Москва.
„Ние сакаме да купиме трипати десет милиони дози, во јуни, јули и август“, рече саксонскиот премиер Мајкл Кречмер (ХДЦ) по разговорите со рускиот министер за здравство Михаил Мурашко во Москва.
Според саксонскиот премиер, услов за набавка на вакцината е Спутник V да добие дозвола за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Во моментов, како што рече Мурашко, една делегација на ЕМА е во Москва.
„Би било одлично ако дозволата се издаде во мај“, рече Мураско.
Кречмер рече дека околу половина милион дози Спутник V месечно ќе се користат во сојузната покраина Саксонија, каде, како што рече, довербата во руската вакцина е голема.
„Ќе видиме дали подготвеноста за примање на руската вакцина е исто толку голема и на друго место“, рече Кречмер, алудирајќи на можни резервации на граѓани во западно германските држави за вакцината што доаѓа од Русија.
Саксонија се наоѓа на исток од земјата и некогаш била дел од Источна Германија.
Германската канцеларка Ангела Меркел во средата критикуваше некои членки на Европската унија кои го применуваат Спутник V уште пред ЕМА да ја издаде дозволата.
И германските сојузни држави Баварија и Мекленбург-Западна Померанија веќе започнаа преговори со рускиот производител на вакцини Спутник V.
Бонус видео…