НОРДИЈСКА ПРЕВЕНТИВА

Финска ќе ја суспендира употребата на вакцината „Модерна“ кај мажи под 30 години

ХЕЛСИНКИ – Финска ќе ја прекине употребата на вакцината „Модерна“ против ковид -19 кај мажи родени 1991 година и подоцна, откако беа пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти, објави денеска Финскиот институт за здравје и социјална заштита.

Извор: google

Шведските и данските здравствени службеници вчера објавија дека ќе ја прекинат употребата на вакцината „Модерна“ за помлади луѓе и деца, пренесува Танјуг.

Норвешка веќе ја користи вакцината „Фајзер“ за сите деца, а сега се препорачува и за мажи на возраст под 30 години.

Нордиските земји својата одлука ја засноваа на необјавена нордиска истражувачка студија која вклучува податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.