АПЕЛ ЗА МАСОВНОСТ

Европската агенција апелира да се забрза вакцинацијата

ЛОНДОН – Европската агенција за контрола на болести апелираше да се забрза вакцинацијата во Европа, бидејќи се предвидува дека крајно преносливата делта варијанта на ковида-19 ќе биде присутна во скоро 90% од случаите во земјите-членки до крајот на август.

Извор: google

Д-р Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), рече дека луѓето кои примиле единечна доза од вакцината сè уште се изложени на ризик од инфекција и хоспитализација, а варијантата делта се шири нашироко кај младите ова лето. објави британски Гардијан.

Во време кога многу земји од ЕУ сакаат да ги ублажат ограничувањата и да го олеснат патувањето со пасош, Амонова рече дека има премногу луѓе во ранливи возрасни групи кои не биле целосно вакцинирани, пренесува Танјуг.

ECDC сугерира дека без одржување на сегашните Ковид ограничувања потребно е забрзување на вакцинацијата кај населението, бидејќи најверојатно на есен ќе се појават нови бранови на инфекции, смртни случаи и хоспитализации слични на оние од минатата есен.

Амон ги повика властите на јавното здравство на ЕУ да ги спасат животите на луѓето со забрзување на програмата за вакцинација.

Според последните податоци на ECDC, 33,9 проценти од возрасните во ЕУ / ЕЕА (Европска економска област) се целосно вакцинирани, додека 57,1 процент примиле единечна доза на вакцина за коронавирус.