Извор: unsplash
Владата утре ќе се произнесе на предлогот на Комисијата за заразни болести да има полициски час од 22 до 05 часот на територијата на целата земја. Сè позивесно е дека повторно ќе бидеме под клуч.
Министерот Филипче на денешната средба на Комисијата образложи дека овој предлогот е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
Во есенскиот период кога бројот на заболени на дневна основа искачуваше над 1500 лица, немаше потреба од ваква рестрикција – ситуацијата била под контрола. Дали сега ситуацијата е дефинитивно вон контрола што се предлага ваква мерка?
Дали со ваквата мерка доаѓаат старите и добропознати карантински проблеми – за дел од фабриките и компаниите ќе се издаваат повторно дозволи за работа? За сметка на тоа, дел од малите бизниси кои егзистираат и од ноќна работа исто би оделе под клуч.