ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦА

ЕМА ја одобри вакцината Фајзер за деца на возраст од 12-15 години

Европската агенција за лекови соопшти денеска дека одобрила употреба на вакцина против коронавирус Фајзер-Бионтек за деца на возраст од 12 до 15 години.

Извор: google

Европската агенција за лекови соопшти денеска дека одобрила употреба на вакцина против коронавирус Фајзер-Бионтек за деца на возраст од 12 до 15 години.

Зеленото светло на регулаторот им го отвора патот на земјите-членки на ЕУ да започнат да вакцинираат адолесценти против вирусот, кој однесе повеќе од три и пол милиони животи ширум светот.

Германија се надева дека ќе започне со давање вакцини на деца на училишна возраст на 7 јуни, по состанокот меѓу канцеларката Ангела Меркел и шефовите на 16 германски држави во четвртокот.