ПРЕДВИДЕН ПИК НА ДЕЛТА СОЈОТ

Дали да планирате одмор во Грција, делта сојот многу побрзо се шири, пикот се предвидува во Август

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција рапидно расте, а позаразниот вид делта се шири со голема брзина, особено кај младите. Делта-сојот „ковид-19“ се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), Панајотис Аркуманеас.

Извор: google

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција рапидно расте, а позаразниот вид делта се шири со голема брзина, особено кај младите. Делта-сојот „ковид-19“ се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), Панајотис Аркуманеас.

Според грчките медиуми, само на една забава во познатиот бар на плажа во Атина, биле заразени околу стотина млади, јавуваат грчките медиуми.

Во последните 24 часа се регистрирани 1.797 новоинфицирани лица, од кои над 1.000 во поширокиот регион на Атика, а осум пациенти починаа. Постојат 168 пациенти на аспираторот.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардијас предупреди дека во последните 10 дена просечната возраст на новозаболените лица е 27 години и дека 32 проценти од нив најверојатно биле заразени на собири на отворено.

– Позаразниот вид на делта сојот стана доминантен и се шири во Грција – рече тој и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
Тој додаде дека има голем скок во бројот на случаи, што е скоро тројно зголемено од 28 јуни.

– Вакцинирајте се сега. Особено помладата генерација треба да ги заштити своите родители и другите постари – рече тој за грчката национална телевизија ЕРТ.

Извор: google

Тој за телевизијата Скај изјави дека 11 случаи на делта биле откриени во Атина, а вирусот е присутен и на Крит и префектурата Коринт.

– Веќе утврдивме дека има 100 ново заразени случаи со делта сојот, денес очекуваме да слушнеме за повеќе случаи. Оние кои не биле вакцинирани се изложени на ризик – рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на коронавирус е позаразен за „50 до 60 проценти“, објави „Катимерини“.

Во Грција е најавен состанокот на координационото тело високо ниво за да утврди стратегија за запирање на ширењето на делта, и се очекува да присуствуваат голем број важни здравствени лидери, како и член на кабинетот на премиерот, Акис Скеркос
„За да го поминеме летото, мора да се вакцинираме“, апелира координационото тело во Грција.