Извор: google
Вакцината против COVID-19 AstraZeneca конечно доби официјално име. Имено, досега вакцината се споменуваше само како „вакцина на AstraZeneca“, а сега и официјално е регистрирана како „Vaxzevria“.
Иако името и пакувањето на самата вакцина ќе се променат, тоа нема да влијае на составот и функцијата. Промената на името беше одобрено и од Европската агенција за лекови. Ова е еден вид нов почеток за AstraZeneca, чија вакцина предизвика внимание кај јавноста уште од самиот почеток, но и полемики.
Вакцината, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, долго време се сметаше за најверојатен кандидат за вакцината COVID-19, но грешките во дозирањето во клиничката фаза го развлекоа процесот на одобрување и им овозможија на конкурентите да ги надминат предностите на оваа вакцина.
Многу држави првично започнаа да ја користат вакцината за потоа или да ја ограничат нејзината употреба или целосно да ја запрат вакцинацијата поради низа сомнителни смртни случаи и компликации со згрутчување на крвта. Европската агенција за лекови, како и самата компанија, посочуваат дека вакцината е безбедна за употреба и не предизвикува смртни случаи.