НОВ ПРОИЗВОДИТЕЛ

Аргентина се приклучува на листата на земјите производители на руската вакцина „Спутник V“

Москва – Аргентина стана првата латиноамериканска земја што произведува руска вакцина „Спутник V“, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Извор: google

Москва – Аргентина стана првата латиноамериканска земја што произведува руска вакцина „Спутник V“, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

„RDIF и партнерите обезбедија трансфер на технологија до Laboratorios Richmond. Првите дози на вакцината произведени во Аргентина ќе бидат испратени до Центарот Гамалеја за контрола на квалитетот “, се наведува во соопштението на РДИФ, пренесе Тас.

Вакцините произведени во Аргентина ќе можат да се извезуваат во земјите од Централна и Латинска Америка, пренесува Танјуг.

Руската вакцина „Спутник V“ досега е регистрирана во 60 земји во светот, каде што живеат околу три милијарди луѓе.

Бонус видео…