Covid-19

Aмериканската, кинеската или руската - која вакцина е најефикасна?

По вакцинацијата, сите сме нетрпеливи да видиме дали конечно ќе бидеме заштитени од Covid 19, а оние во другите земји кои го направиле тоа, веќе трчаат кон лабораториите за да проверат антитела.

Извор: unsplash

По вакцинацијата, сите сме нетрпеливи да видиме дали конечно ќе бидеме заштитени од Covid 19, а оние во другите земји кои го направиле тоа, веќе трчаат кон лабораториите за да проверат антитела. Сепак, вакцините против корона се различни и произведуваат имунолошки одговор во различно време.

Еден српски професор по клиничка фармакологија раскажува кога имунитетот се стекнува по руската, кога по кинеската вакцина и кога по Pfizer и AstraZeneca.

Фајзер – седум дена по втората доза
Што се однесува до вакцината на Фајзер, ситуацијата е најјасна бидејќи се знае кога се стекнува имунитет. Тој се добива најбрзо во однос на другите вакцини so 95 процентна ефикасност. Веќе по 14 дена од првата доза, постои одреден степен на заштита, односно помалку луѓе заболуваат во групата што примила веќе прва доза од вакцина. Научниците ги следеле испитаниците дури и откако ја примиле втората доза 21 ден по првата и се покажало дека со Pfizer се добива целосен имунитет седум дена по втората доза. Патем, Фајзер ги објави своите резултати во престижни научни списанија.

Извор: google

Кинеска вакцина – 21 ден од втората доза
Постојат сомнежи во податоците за вакцината Синофарм бидејќи досега се објавени само оние од првата и втората фаза на тестирање, додека третата фаза е сè уште во тек и се собираат информации. Оваа вакцина е ефикасна 89 проценти, но се чини дека имунитетот се стекнува нешто подоцна отколку со другите вакцини. Знаеме дека само 18 проценти од оние кои примиле Синофарм, добиле антитела на седмиот ден по првата доза. И седум дена по втората доза, забележано е зголемување на синтезата на антитела, но не е познато кога тој целосен имунитет е приближно стекнат по втората доза. Засега се претпоставува дека е околу 40 дена од првата доза, т.е. три недели од втората доза

Извор: google

Руска вакцина – 15 дена од втората доза
Податоците ни кажуваат дека имунитетот со руската вакцина се стекнува релативно брзо. Максималното ниво на заштита кај нив започнува околу 15-тиот ден по втората доза. Со руската вакцина не е сè јасно, но нивните експерти велат дека од тој 15-ти ден е забележана ефикасност од 91,4 проценти.

Извор: google

АстраЗенека – непознато
AstraZeneca, која пристигна во соседството неодамна, е придружена со бројни сомнежи, така што не се знае со сигурност кога се создава имунитет на Covid 19 по вакцината. Тимот на научници најпрвин рекоа дека треба да поминат четири недели помеѓу две дози за да функционира дејството од вакцината подобро, потоа се шпекулираше со интервал од осум недели, за сега да велат дека посакуваната разлика е 12 недели помеѓу две дози за да се создаде целосен имунитет. Засега не се знае многу, но она што се знае е дека ефикасноста е пониска од другите, околу 78 проценти, но и тоа е знак прашање. Сè зависи од тоа како се спроведува истражувањето, па затоа не мора да значи дека ефикасноста е навистина пониска во реалноста.

Извор: google

За споредба, сезонската вакцина за грип е 50 проценти ефикасна. Со овој текст само Ве информираме, со оглед на тоа што во Македонија немаме никакви вакцини, сè уште е рано да дебатираме за нечија ефикасност.