ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ

ЕУ дефинитивно воведува универзален полнач за мобилните апарати

Европската унија и Европскиот парламент се договорија да воведат универзален полнач за паметни телефони, таблети, конзоли и дигитални камери во Унијата до есента 2024 година, а потоа и за лаптопи, соопшти Европскиот парламент.

Извор: google

Европската унија и Европскиот парламент се договорија да воведат универзален полнач за паметни телефони, таблети, конзоли и дигитални камери во Унијата до есента 2024 година, а потоа и за лаптопи, соопшти Европскиот парламент.

Регулативата, која ќе воведе USB-C на сите електронски уреди со мала и средна големина, има за цел да го ограничи отпадот штетен за животната средина и да ги заштити правата на потрошувачите кои се принудени да акумулираат некомпатибилни полначи за нивните различни уреди.

Американскиот гигант Apple, кој ја брани својата технологија за полнење, жестоко се спротивстави. Тоа е очекувана реакција затоа што само пред неполни 2 години оваа корпорација почна одделно да ги наплатува нивните полначи, што своевидно резуптирање со зголемување на профитите во интерес на овој бренд, а на штета на корисниците т.е. потрошувачите.

Во септември минатата година Европската комисија предложи решение за полнење електронски уреди преку универзален полнач. Уникатниот USB-C слот ќе им овозможи на потрошувачите да полнат уреди со истиот USB-C полнач, без оглед на брендот на уредот.

Предлогот предвидува продажба на полначи одвоено од електронските уреди, што значи дека при купување на нов уред нема задолжително да има нов полнач.

Ова треба да го намали количеството на електронски отпад и значително да го намали бројот на полначи кои се акумулираат во домовите за потрошувачи и да донесе значителни заштеди.