Извор: google
СОФИЈА – Десетици илјади украински бегалци кои нашле засолниште во бугарските одморалишта на Црното Море ќе мора да ги напуштат до 1 јуни поради намалувањето на владините субвенции и почетокот на сезоната на летни одмори.
Откако Русија изврши инвазија на 24 февруари, а Украинците почнаа да бегаат од земјата, Бугарија, како и многу други земји од централна и источна Европа, реши да им помогне, да ги прифати и да обезбеди сместување, пренесува Ројтерс.
Бугарија нема граница со Украина и бегалците мораа да патуваат преку Романија.
Од 97.000 бегалци од Украина кои сега се во Бугарија, околу 60.000, главно жени и деца, се сместени во одморалиштата, а бугарската држава им обезбедува по 40 лева (22 долари) по човек дневно, пренесува Танјуг.