Извор: google
ЛОНДОН – Луѓето кои одбиваат да носат маски во јавниот превоз или во продавниците во Велика Британија ќе бидат казнети со 200 фунти (околу 235 евра) за првиот прекршок, објави „Мирор“.
Премиерот Борис Џонсон го врати задолжителното носење маска за да се спречи ширењето на новата корона од сојот омикрон.
Новите правила ќе започнат со казни кога законот ќе биде изгласан во парламентот денеска, а ќе стапат на сила во вторник во четири часот наутро.
Секој што ќе ја заборави или одбие маската ќе плати 200 фунти за прв пат, а секој следен прекршок се наплаќа двојно.
Тоа значи дека вториот пат ако човек нема маска, плаќа 400 фунти, третиот пат 800, а казната може да достигне најмногу 6.400 фунти.
Правилата не важат во угостителството, поточно во ресторани и пабови, на концерти и разни настани, ниту пак парламентот може да натера пратеник да носи маска во собранието.