НОВИ ЛЕКОВИ

ЕМА препорача нови антивирусни лекови

БРИСЕЛ – Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача употреба на два нови лекови против Ковид-19 врз основа на моноклонални антитела.

Извор: google

БРИСЕЛ – Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача употреба на два нови лекови против Ковид-19 врз основа на моноклонални антитела.

Едниот лек го разви американскиот „Регенерон“ и швајцарскиот „Рош“, а другиот е јужнокорејскиот „Селтрион“.

Лековите „Регенерон“ и „Рош“ „ронапрев“ се препорачуваат за третман на возрасни и адолесценти на кои не им е потребна кислородна поддршка и кои се изложени на зголемен ризик од тежок ковид.

Лекот „Селтрион“ наречен „Регирона“ се препорачува само за возрасни кои се во слични нарушени здраствени состојби.

Процесот на евалуација и формално одобрување на овие лекови е во тек, и двата се веќе достапни за индивидуални пациенти во земјите на ЕУ.

Одобрувањето на употребата на нови лекови се очекуваше во време на ново зголемено ширење на коронавирусот.
Минатата година беше одобрен лекот „ремдесивир“ кој го правеше компанијата “Gilead”.

Извор: google