Извор: google
Кај северниот сосед вчерашниот ден резултираше, две лица починаа од последиците од ковид-19, а меѓу 8249 тестирани примероци, потврдени се 298 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска српското Министерство за здравство.
До вчера беа пријавени 417 пациенти на болничко лекување, а 11 од нив се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата, извршени се 4.671.408 тестови и регистрирани се 721.918 заразени, 7.114 пациенти починале, а стапката на смртност е 0,99 проценти.
Од новите 298 случаи на инфекција, најмногу се потврдени во Белград – 84, потоа Нови Сад (21) и Смедерево и Парачин со по 11 случаи.
По значителниот пад на бројот на инфекции во јуни во втората половина на јули, Србија се врати на трицифрениот број на новозаразени, главно во опсег помеѓу 200 и 300 случаи дневно.
Експертите тврдат дека британскиот вид на коронавирус доминира во Србија, но се очекува дека во догледна иднина, делта сојот ќе предизвика доминантно учество во бројот на инфекции.
Српската премиерка Ана Брнабиќ во петокот рече дека, според последните податоци, 2.687.143 лица, или 49,8 проценти од возрасната популација, биле целосно вакцинирани против ковид-19.
Брнабиќ во српскиот парламент рече дека „епидемиолошката состојба станува посложена и се влошува од ден на ден“ и ги повика граѓаните, особено оние на возраст под 30 години, да се вакцинираат.